Продолжуваат високите температури и локалната нестабилност

Сподели со своите пријатели

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи особено во планинските региони, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува повремено засилен северен ветер. Минималните температури ќе се движат од 10 до 18 степени, а максималните ќе бидат во интервал од 23 до 32 степени. Индексот на УВ зрачењето ќе има коефициент 7.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува сосема слаб ветер од северен, односно северозападен правец. Максималната дневна температура ќе достигне 24 степени целзиусови.

Во понеделник ќе дува засилен ветер и повеќе нестабилно ќе е кон западот, со пороен дожд, грмежи и северен ветер. Во вторник се очекуваат повторно поројни врнежи, но условите за нестабилност да се помали, а во среда и четврток да биде претежно сончево со мала до умерена облачност.

Дневните температури ќе бидат во пораст, освен во вторник кога времето ќе е за неколку степени посвежо.

Leave a Reply