Продолжуваат високите температури, денеска до 37 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен и западен правец, информираат од Управата за хидрометеорлошки работи.

Loading...

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната од 30 до 37 степени.

Следува период на стабилно и топло време. Зголемена облачност се очекува за време на наредниот викенд.

Leave a Reply