Продолжуваат осмомартовските активности на Форумот на жени на СДСМ Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Со проекција на филмот „Суфражетки“ вечерва во Занаетчискиот дом, продолжи Неделата на жената, односно низата настани кои ги организира Форумот на жени на Социјалдемократскиот сојуз од Куманово, а по повод Меѓународниот ден на дамите, 8ми март.

Симпатизерките на СДСМ, но и припаднички на граѓанскиот и невладин сектор вечерва имаа можност да го погледнат филмот од англо-саксонското говорно подрачје, чија тематика е поврзана со борбата на жените за своите права.

– Вечерва е вториот настан од нашето одбележување, проекција на филмот „Суфражетки“, филм од англиското говорно подрачје кој се бави со тематика на раните феминистички движења и всушност е посветен на првите случаи на борба на жените за работнички права и правото на глас во Англија, а понатаму во Европа и пошироко во светот, изјави Атина Мургашанска, претседател на Форумот на жени на СДСМ Куманово.

 

Loading...

 

Мургашанска изрази задоволство од машрот по повод 8ми март кој во недела се одржа во Куманово и со кој започна Неделата на жената, а на кој присуствуваа илјадници жени од сите краеви на Македонија.

– Со своето присуство и со маршот испративме порака дека сите заедно можеме со љубов за Македонија многу да направиме, а и од инспиративните говори на нашата координаторка Цветанка ласкова, на премиерот Заев, а и на другите учесници во обраќањата, испративме порака дека Социјалдемократскиот сојуз е цврсто позициониран во своите определби за родова еднкавост и еднакви можности на мажите и жените во општеството, вели Мургашанска.

 

 

Неделата на жената во организација на Форумот на жени на СДСМ Куманово продолжува и во наредните денови со трибина, но и положување свежо цвеќе пред бистата на Жената борец во центарот на градот.

– Утре со почеток во 19 часот во кружната сала во поранешниот Комитет ќе организираме трибина на тема ратификација на Истанбулската конвенција и заштитата од сите видови на насилство од жените и девојчињата, а на самиот ден на жената, на 8ми март ќе положиме свежо цвеќе пред споменикот на Жената борец во центарот на Куманово, додава Мургашанска.

 

Loading...

 

На утрешната трибина предавач ќе биде Јована Тренчевска од Министерството за труд и социјална политика, а ќе учествуваат жените од кумановската политичка сцена, невладиниот сектор и припадничките на понежниот пол од Куманово.

Leave a Reply