Продолжуваат обилните врнежи, водотеците засега под контрола

Сподели со своите пријатели

Продолжува периодот на нестабилно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, повремено придружувани со ветер и на места во форма на невреме. Врнежите кои паднаа во изминатите два дена, иако на места поинтензивни, беа од локален карактер и доведоа до незначително зголемување на водостојот на реките низ земјава, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Според податоците од хидролошките станици не е забележано излевање на реките во државата. Според прогнозата и во текот на денешниот ден, како и за време на викендот, се најавуваат поројни врнежи од дожд, на места и пообилни и повторно со грмежи и можна појава на град.

Кај поголемите водотеци не се очекуваат појави на излевање на водата, додека кај помалите реки и суводолиците доколку во нивните сливови процесите бидат поинтензивни и со поголеми количини на дожд, можно е брзо зголемување на водостојот а на места при силни интензивни врнежи можни се и локални излевања.

Доколку во градските урбани средини нестабилноста биде изразена во форма на невреме, со дожд, ветер и  град, поради неможноста за впивање на водата и можното запушување на канализационата мрежа со гранки и лисја, можна е појава на акумулурање и слевање на водата по градските улици и подвозниците. При појава на силен ветер можна е појава на бранови на природните езера во земјава.

Од УХМР препорачуваат внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и на претпазливост на сите оние места каде во текот на денешниот ден, како и за време на викендот, се највуваат поројни врнежи од дожд.

Leave a Reply