Продолжуваат натпросечните температури за овој период од годината

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло, во западните делови со мала до умерена облачност.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува слаб ветер од источен правец. Минималните температури ќе се движат од 2 до 10, а максималните од 21 до 28 степени.

Во Куманово денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со максимална температура од 23 степени целзисуови.

Како што додаваат од УХМР, продолжува периодот на претежно сончево и релативно топло време со дневни температури малку над просекот за овој период од годината. Извесно зголемување на облачноста ќе има од четврток.

Leave a Reply