Продолжуваат активностите и средбите со претставниците на Европските институции во Брисел

Сподели со своите пријатели

Денес, министерот за надворешни работи Никола Димитров во рамки на работната посета на Брисел оствари засебни средби со европратениците: Михаел Галер (ЕПП, Германија), Кати Пири (СД, Холандија) и Дубравка Шуица (ЕПП, Хрватска).

Loading...

На средбите беше изразено целосно разбирање за нашите очекувања и европски аспирации и изразена надеж дека европските лидери сепак ќе успеат да постигнат консензус околу заслужената одлука за почеток на  преговорите со Северна Македонија. Притоа беа разменети мислења за идни чекори, како и за импликациите во случај на недонесување одлука во земјта, пошироко во регионот на Западен Балкан, како и за самата кредибилност на ветената европска перспектива.

Попладнето, МНР Димитров се приклучува кон активностите од програмата на премиерот Заев: средби со комесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, претседателот на Европски парламент Давид Мариа Сасоли, како и со претседателот на Европски совет Доналд Туск.

Leave a Reply