Продолжува врнежливото време, до петок наместа и со пороен дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и пообилни, особено во западните и јужните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, повеќе изразен вдолж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 14 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне до 24 степени целзиусови.

 

Loading...

 

До петок претпладне ќе се задржи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 л/м2 за 12 часа).  Дневната температура значително ќе се намали.

Од петок попладне ќе настапи стабилизација со постудени утра и пораст на дневната температура, стои во соопштението на УХРМ.

 

Никола Ивановски