Продолжува стабилното време со ниски утрински температури

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта и утрово се задржа претежно облачно и тивко време, помалку облачност имаше во северните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. 

Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во јужните делови претежно облачно. Ќе дува слаб, долж Повардарието повремено умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.

Во Куманово и околината времето ќе биде сончево до умерено облачно. Максималната дневна температура ќе достигне до 6 степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури. Повеќе облачност ќе има во јужните делови. Утре по одделни котлини ќе има појава на утринска магла, а во среда ќе дува умерен до засилен северен ветер.