Продолжува сончевото време, утринските температури во благ пад

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен североисточен ветер.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималните температури ќе се движат од 0 до 9, а максималните од 21 до 26 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Максималната дневна температура ќе достигне 24 степени.

Од четврток повремено ќе има појава на мала до умерена облачност. Утрата ќе бидат малку постудени, а дневните температури ќе бидат без позначителни промени.

Leave a Reply