Продолжува собраниската расправа за законот за јазиците

Сподели со своите пријатели

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи расправата по Предлог-законот за употреба на јазиците во прво читање.

Дебатата на 15. собраниска седница за овој закон беше прекината пред почетокот на кампањата за локалните избори, а продолжи вчера. Пратениците повторно ги спротивставија ставовите. За владејачкото мнозинство, законот ќе придонесе за зголемување на соживотот во државата, не го нарушува нејзиниот унитарен карактер и е во согласност со Уставот, додека за опозицијата не е уставен и неговата примена ќе доведе до двојазичност на целата држава.

Собранието по оваа, треба да ја продолжи 12. седница на чиј дневен ред се Предлог-законот за дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија по скратена постапка, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување по скратена постапка, Предлог-законот за издавање вредносни бонови – ваучери по скратена постапка, сите три поднесени од Драган Данев, Илија Димовски и Невенка Стаменковска, како и Предлог-одлуката за утврдување на бројот на потпретседателите на Собранието на Република Македонија.

Извор:МИА

Loading...