Продолжува промоцијата на Кокино како македонски и светски бренд

Сподели со своите пријатели

Нова веб страна и видео спот, аудио водич  во форма на мобилна апликација, изградба на мал музеј, сувенирница, инфо центар, и уредување на целокупната инфраструктура на  локалитетот. Архео-астрономскиот локалитет Кокино ќе ги добие сите услови за привлекување на поголем број на туристи.

Мегалитската опсерваторија Кокино е еден од најстарите и најуникатните примери на  културно наследство во Македонија. Целта на проектот е локалитетот да стане лесно достапен за туристите  и физички и на интернет, а при тоа да се сочува неговиот автентичен изглед.

Проектот кој опфаќа интернетска страница (www.kokino.mk), видеоспот, аудиоводич (во форма на мобилна апликација), заедно со поставување на нови информативни табли и заштитно оградување на теренот, ќе придонесат древната опсерваторија Кокино да стане светска атракција и македонски бренд.

Проектот се спроведува од страна на НУ Музеј Куманово, во соработка со Локалната акциона група Абер 2015 и со поддршка од Проектот за експанзија на мали бизниси, финансиран од УСАИД и владата на Швајцарија.