Продолжува проектот за енергетска ефикасност на станбените објекти во Куманово

Сподели со своите пријатели

Продолжува проектот на Општина Куманово и Хабитат за промена на фасадите и столаријата на зградите во централното градско подрачје, кои треба да понудат енергетска ефикасност во становите.

Проектите беа под блокада од централната власт во минатото, вели Горан Митевски од Општина Куманово, кој се надева дека градот во следниот период ќе ги добие проектите кои ги заслужува.

– Имаше многу различни размислувања од некои поранешни и сегашни советници дека во Куманово малку има или доволно има проекти, Куманово дефинитивно можам да потврдам дека во изминатиот период беше под цензура на одобрување на било какви проекти или средства и мислам дека тоа ќе биде корегирано и во наредниот период ќе бидат реализирани, секако за граѓаните тоа ќе биде во позитивна смисла и ќе почувствуваат бенефит од тие средства, изјави Митевски.

Од проектот досега се реконструирани четири згради во централното градско подрачје, а се очекува во следниот период тоа да го направат уште два станбени објекти.

– Сепак на јавниот повик се пријавија 12 совети, а реализацијата е 50 отсто, што за две години не сум задоволен, требаше да биде малку поинтензивно, но не од наша страна. Како општина им стоиме на располагање, меѓутоа куќните совети и сопственици на станови треба да имаат консензуален став во однос на овој проект и треба да дадат согласност де се реализира проектот, ијзави Митевски.

Проектот за енергетска ефикасност, по потпишување на договор во селдната година од страна на Хабитат и Општина Куманово, освен фасада ќе понуди и гасификација на колективните станбени објекти кои исполнуваат услови и можат да одговорат на предизвикот, веднаш да може да се реагира.

– Освен централното градско подрачје, згради се реконструирани и на улиците „Драган Стопаревиќ  и „Тодор Велков“ отидовме на поширок простор надвор од централното градско подрачје и сите станари се сложија дека тоа нема да зависи од местоположбата и процентот на реализација на проектот во станбената зграда, додаде Митевски.

Според Митевски сите сегменти од колективното делување ќе бидат опфатени на начин кој соодветствува на правилата на европската унија.

Програмата за следната година допрва се креира, а според Митевски имало најава дека и Владата во соработка со Хабитат ќе обезбеди проекти за помош ов однос на гасификацијата.

Кон почетокот на следната година, на сајтот на општината ќе се најде и регистар на станбени единици во градот, што според Митевски ќе помогне за подобар увид за колективното домување, а таму ќе бидат наведени и сите обврски кои станбените згради ќе треба законски да ги извршат.