Продолжува нестабилното време, од понеделник постудено

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Loading...

Локално, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе има услови за невреме со поинтензивен пороен дожд и појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени.

Утре и во сабота ќе преовладува сончево и топло време со услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Во недела попладне и во следните денови повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Во недела ќе дува повремено засилен југозападен ветер, а од понеделник ветерот ќе се промени во северен и тоа ќе услови опаѓање на температурата за неколку степени.

Leave a Reply