Продолжува акцијата за отстранување на дивите пазарџии

Сподели со своите пријатели

Денеска продолжи акцијата за отстранување на импровизираните тезги на дивите пазарџии пред влезот на Зелениот пазар.

Акцијата ја спроведуваа полициски и инспекциски служби, а на барање на Јавното претпријатие „Пзаришта“ кое трпи големи загуби поради нелегалната продажба на тротоари кои се нелојална конкуренција на оние кои за својата дејност уредно плаќаат тезги и давачки.

 

Loading...

 

Како што претходно најавуваше градоначалникот Зоран Дамјановски ова е ситуација која мора да биде решена, првин тезгаџиите добија опомени, а денеска се отстранети од јавните површини околу самиот пазар.

Според најавите на Дамјановски ќе следува и отстранување на сите нелегално поставени столови и маси на јавни прометни површини од страна на угостителските објекти.