Продолжена кризната состојба на јужната граница до 31ви декември

Сподели со своите пријатели

Кризната состојба на дел од јужната граница е продолжена до крајот на годинава, односно до 31ви декември со едногласна одлука од страна на Собранието на Република Македонија, а на предлог на Владата.

Владата побара продолжување на кризната состојба на дел од јужната граница до 31-ви декември годинава, а Собранието на седмата сесија со 94 гласа „за“ го прифати предлогот. Владата, во предлог одлуката, со појаснување дека рокот треба да биде продолжен поради зголемениот обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на земјава и состојбата на јужната и на северната граница. Ресорниот министер Спасовски смета дека одлуката е значајна пред се поради околностите поврзани со глобалниот проблем со мигрантската криза која не стивнува и може да ескалира во секој момент.