Процесирани половина од гласовите во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 90,24% од граѓаните на Куманово со право на глас денеска се изјасниле „ЗА“ на референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“, а 6,56 отсто гласале против, покажува статистиката на Државната изборна комисија, по 56,29% од обработените гласови.

Во бројки тоа значи дека 15.827 граѓани на Куманово денеска гласале „ЗА“, 1.150 гласале „НЕ“, а неважечки се 561 референдумско ливче.

Leave a Reply