30.03.2018 17:29

Признанија за најдобрите спортисти на Куманово за 2017. година (ФОТО)


Општинскиот сојуз на спортови на град Куманово под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово денеска доделија признанија на околу 100 спортисти, спортски работници и клубови за постигнатите резултати во спортот за текот на изминатата година, кои се должат на постигнатите успеси на општински, зонски, регионални и меѓународни турнири и натпреварувања.

 

loading...

 

Градоначалникот Максим Димитриевски на спортистите им се заблагодари за сите постигнувања во текот на изминатата година, а воедно најави продолжување на поддршката на спортот во градот.

 

 

– Општина Куманово во текот на 2017 година во рамките на програмата за спорт и култура издвои околу 15 милиони денари, согласно програмата за 2018 година ќе постапиме слично без разлика на тешката финансиска состојба, повторно ќе издвоиме средства за спортот, а во оваа прилика да ги поздравам претставниците од Агенцијата за млади и спорт и да го пренесат поздравот на државното раководство во делот ан сегментот за поддршка на спортот да помислат малку и на општините и да му го вратат на Куманово она што му е потребно, а тоа е финансиската помош, рече Димитриевски.

 

 

Признанија и пехари, беа доделени во повеќе категории. Признанија беа доделени за пензинерите кои имаат свој систем на спортски натпреварувања, но и најдобри спортисти од доменот на училишниот спорт. Најдобро од основните училишта е ООУ „Кочо Рацин“ додека од средните најдобро училиште е Гимназијата „Гоце Делчев“. Поединечни награди добија и повеќе ученици за своите спортски достигнувања во текот на 2017 година, заедно со нивните професори ментори, додека за најдобар сојуз прогласен е Сојузот на училишни спортови.

 

loading...

 

Од категоријата рекреативни спортови признанија добија членовите на танцовите училишта „Динамик“, „Мак“ и „Клуб денс систерс“, признанија добија и членовите на Аикидо клубот „Агатсу“ и тоа во повеќе категории, но и планинарот Андреј Антевски од планинарското друштво „Козјак“.

 

 

Далибор Трајчев од ФК Еуроспорт е добитник на наградата најдобар фудбалски тренер, Ацо Стојановски од карате клубот „Куманово 75“, Еркан Јусуф од ФК Милано, но и Димитар Антевски тренер на ЖРК Куманово кој е најзаслужен за развојот на женскиот ракомет во градот.

 

 

Во сениорски категории награди за најдобри тренери добија Харедин Мисими од Карате клубот Башкими, Звонимир Бошковски во категоријата стрелаштво, Сашо Илиевски од Кик бокс клубот Куманово, Марјан Петровски од Велосипедскиот клуб Вело-М и Филип Колевски тренер на Атлетскиот клуб Куманово.

 

loading...

 

Награди за придонесување во развој на спортот добија Војо Ангеловски од КК Куманово, како и Александар Маневски од ФК Еуроспорт и Филип Додевски од ЖРК Куманово.

 

 

За најдобри млади спортисти во 2017 година прогласени се Ѓорѓи Георгиевски од КК Куманово, Авни Зекири од ФК Милано, Дритон Саити од ФК Милано, боксерот Ангела Верушевска, Илир Бајрами од Карате клубот Башкими, Никола Стојановиќ од Атлетскиот клуб Куманово, фудбалерот Кристијан Масевски од ФК Куманово Еуроспорт, Давид Спасовски од Кик бокс клубот Куманово, велосипедистот Марио Петровски од Вело-М, Мила Трајковиќ од ЖРК Куманово, Никола Трајановски од Пливачкиот клуб Тумба, ракометарот на Куманово Христијан Мицевски, а најдобри меѓу најдоврите млади спортисти се Ива Димитриевска од Пинг понг клуб Куманово како и атлетичарот Милан Вељковиќ.

 

loading...

 

Во категоријата најдобри јуниорски клубови признанија добија ФК Милано, Пинг понг клуб Куманово, Карате клуб Башкими, ФК Биџо.

 

 

loading...

Во категоријата најдобри спортски клубови признанијата заминаа кај Општинскиот стрелачки клуб Куманово, велосипедскиот клуб Вело-М, Атлетски клуб Куманово, Одбојкарскиот клуб Куманово.

 

 

За најдобри спортисти во 2017 година во градот прогласени се голманот на Ракометниот клуб Куманово Дарко Георгиевски, Артан Фазлиу од ФК Вардар, Кети Павловска од Женскиот фудбалски клуб Куманово, велосипедистот Никола Ѓукиќ од Вело-М, Александра Боризовска од ЖРК Куманово, Никола Караколев од КК Куманово.

 

loading...

 

Најдобри спортисти со исклучителни спортски резултати се кик боксерот Филип Наковски, Анита Величковска од категоријата планински велосипедизам, атлетичарката Катерина Тимчевска, атлетичарот Марјан Нојковски, велосипедистот Зоран Ристовски, а најдобри меѓу најдобрите се атлетичарката Матеја Ефромовска и велосипедистот Андреј Петровски.

 

 

На манифестацијата беа доделени и низа други награди во областа на спортот, како и во изминатите години со цел да се мотивираат спортистите и спортските работници да продолжат да го развиваат спортот и да го промовираат Куманово како спортски град.

 

loading...

 

Повеќе фотографии од настанот можете да пронајдете ТУКА.

(ГАЛЕРИЈА) Најдобри спортисти на Куманово за 2017. година


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments