Признание за „Кумановски акцијаши“

Сподели со своите пријатели

Здружението на граѓани за волонтерска работа „Кумановски акцијаши“ доби благодарница за својот придонес во санирањето на штетите од поплавите кои пред две години го зафатија скопското подрачје.

Општина Гази Баба каде се наоѓаа најголем дел од поплавените подрачја врачи 200 благодарници, а една од нив заврши и кај кумановското здружение.

Како што истакна претседателот на Здружението „Јусуф Љатифи“ парчето хартија нема големо значење, ако се спореди со гестот кој го препознале жителите на Стајковци каде тие помагале.

– Чувството е неописиво, затоа што тоа е едно признание на луѓето кои претрпеа една трагедија, меѓутоа, од онаа признани од смисла на хартија, поголемо признание е од самите луѓе кои не препознаа и веднаш ни придоа, знаете нивните изрази на лицето сами по себе зборуваат многу повеќе од некоја плакета или благодарница, изјави Љатифи.

Кога станува збор за активностите на здружението во изминатите неколку месеци беше сконцентрирана на уредување на зелените јавни површини, проект кој го реализираа во соработка со Општина Куманово и Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“.

– Направивме мала пауза во овој летен период затоа што луѓето од Кумановски акцијаши, три години не беа на одмор токму поради активностите, решивме да направиме мала пауза и од септември продолжуваме со тоа што малку активноста ќе ја сконцентрираме на одржувањето на Меѓународната средба „Слободно Куманово“ најверојатно ќе биде по повод денот на ослободувањето на Куманово, а нормално на таа средба учество ќе земат збратимените учества од Босна и Херцеговина и нашите амбасадори кои во овој момент, Кумановски акцијаши како единствено здружение во Европа кое има свој дипломатски кор, има 13 амбасадори, најголем дел од балканските земји, имаме еден амбасадор од Бразил и Шведска, додава Љатифи.

Првиот човек на здружението, вели дека освен дружење, средбата ќе има и работен карактер, а ќе се уредува Спомен Костурница. Воедно тогаш ќе биде формиран и организационене одбор и штаб на меѓународната волонтерска и еколошка работна акција „Зелено Куманово 2019“.

Здружението брои 272 членови, од кои постојано оперативни се шеесетина лица, најмладиот има една година, а најстариот со 78 години.

– Добро е сега што во овој период на пауза ни се јавуваат луѓе со иницијативи и предлози, така да веднаш штом завршат годишните одмори, ќе ги анимираме и членовите на Советот на Општина Куманово со свои предлози и локации да допринесат за изработка на квалитетна еколошка програма на општината за 2019 година, потенцира Љатифи.

Соработката со локалните институции е на извонредно ниво, а поддршка здружението има и од централната власт, како и од неколку невладини организации.

Наслов: Признание за „Кумановски акцијаши“

Најава: Благодарница за своето учество во санирањето на последиците од невремето во скопско од пред две години, доби Здружението на граѓани „Кумановски акцијаши“. Членовите на здружението, како што информираше претседателот Јусуф Љатифи, есенва ќе организира меѓународна средба, а се работи и на подготовка на проектот „Зелено Куманово 2019“.

Кајрон: Признание за „Кумановски акцијаши“ за придонес во санирањето на штетите од скопските поплави

Изјава: Јусуф Љатифи, претседател на Здружение на граѓани „Кумановски акцијаши“

Leave a Reply