Признал дека убил педофил и бил испратен со аплауз од судницата (видео)

Сподели со своите пријатели

Кларк Фредерикс, 49 – годишен Американец од Њу Џерси, пред десетина дена од судницата во Сусекс бил испратен со громогласен аплауз откако признал дека на 12 јуни 2012 година го убил Денис Пега (68), човек кој , како што кажал, ја искористил своја позиција како предводник на извидници и сексуално го злоупотребувал Кларк кога тој бил дете.

Loading...

“Пег повеќепати ме силуваше помеѓу мојата осма и дванаесетта година, а првиот пат почна сексуално да ме вознемирува кога имав само шест години”, се присети во судницата Фредерикс, кој таа јунска вечер Пега, бившиот затворски чувар, го избодел со нож у му го пресекол гркланот.

Фредерикс пред судот не понудил ниту еден физички доказ дека тоа било навистина така, но CBS наведува дека и други мажи направиле слични оптужби на сметката на Пегов.

“Гој го силуваше и мојот пријател Џеф, за жал тој не може денес да сведочи бидејќи изврши самоубиство во 1983 година за кое како одговорен го сметам Пега.” рече Кларк.

На Фредерикс му се суди за убиство без умисла и пресудата ќе му биде изречена во септември. Во затворот ќе помине помеѓу пет и десет години.

“После толку години тишина, негирање и срам, се` што стоеше во мене напросто експлодираше кога пред судот беше изведен тренерот Џери Сандаски, сериски злоупотребувач на деца. Тогаш ми помина низ памет дека Пег никогаш нема да биде казнет и одлучив да ја земам правдата во свои раце.” изјави Фредерикс, кој потоа беше испратен со аплауз.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.