Приведени двајца крадци во Куманово

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово биле приведени вчера под сомнение дека извршиле кражба на приватен имот и одзеле повеќе предмети.

Loading...

– На 06.02.2023 во 11.05 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода З.А.(28) и С.М.(26), двајцата од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што посочуваат од полицијата, тие се сомничат дека на 11.01.2023 одзеле повеќе предмети од приватен имот на улицата „Благоја Думановски“.

Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и оштетил инвентар на бензинска пумпа