Приведен жител на липковско, осомничен дека претепал две други лица

Сподели со своите пријатели

Четириесет и петгодишен жител на липковското село Ваксинце вчера бил приведен под сомнение дека физички нападнал две други лица во атарот на селото Речица.

Loading...

– На 16.05.2022 година во 13.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Л.Р.(45) од село Ваксинце, липковско, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што појаснуваат од полицијата, тој се сомничи дека во село Речица физички го нападнал Н.Ѓ и уште едно лице.

По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски