Приведен србин за извршено свирепо убиство во Србија

Сподели со своите пријатели

Српски државјанин вчера бил приведен во Македонија по барање на Интерпол Белград, поради сомнение дека извршил свирепо убиство на неговиот брат.

Loading...

– Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал при МВР по добиено барање од Интерпол Белград, а во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка, СВР Куманово, ОВР Кавадарци и РЦ за ГР Север, на 29.09.2021 на територија на општина Кавадарци, во место викано Шамаци, го пронајдоа и лишија од слобода српскиот државјанин А.Ф. (43) од Пожаревац, кој во Република Србија е осомничен за сторено кривично дело “свирепо убиство“ на неговиот брат, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Приведениот е предаден на полициските служби на Република Србија за понатамошна постапка.