Приведен разбојникот кој ограби лице на бензинската пумпа „Сателит“

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.А.(22) од Куманово поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Пријавениот заедно со непознато  лице на 09.11.2015 година на бензинската пумпа „Сателит“ во Куманово со употреба на физичка сила извршиле разбојништво над В.Н.(34), при што му одзеле мобилен телефон.