Приведен разбојник во Куманово

Сподели со своите пријатели

Четириесетгодишен кумановец вчера бил приведен под сомнение дека сторил кривично дело разбојништво.

Loading...

На 22.09.2021 година во 16.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.С.(40) од Куманово поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 21.09.2021 година на улица „Индустриска“ тој со уште едно лице физички го нападнале С.П. и му одзеле пари и мобилен телефон.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски