Приведен млад кумановец баран со потерница за доиздржување затворска казна

Сподели со своите пријатели

Млад кумановец вчера бил приведен од страна на полицијата, откако по него била распишана потерница за доиздржување на затворска казна.

Loading...

– На 08.04.2021 во 21.30 часот, од страна на полициски службеници од СВР Kуманово лишен е од слобода Ф.Р.(22) од Куманово, кој се барал со потерница за доиздржување на затворска казна во времетраење од  1 година и 3 месеца, за сторено кривично дело по чл.236 од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, Ф.Р. е спроведен  во Казнено-поправната установа Затвор Куманово  за доиздржување на казната.

Никола Ивановски

Leave a Reply