Приведен кумановец: Пронајдена дрога во неговиот автомобил и стан

Сподели со своите пријатели

Триесет и четиригодишен кумановец бил приведен вчера откако полицијата му пронашла наркотици во возилото и домот.

Loading...

– На 23.03.2023 во 10.00 часот, службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово  го лишиле од слобода  Б.Ѓ.(34) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, при преглед во неговото возило „форд“ со кумановски регистарски ознаки била пронајдена марихуана, додека при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле  пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и оштетил инвентар на бензинска пумпа

Никола Ивановски