Приведен кумановец кој оштетувал паркирани возила

Сподели со своите пријатели

Четириесет и осумгодишен кумановец вчера бил приведен под сомнение дека оштетил неколку паркирани возила.

Loading...

– На 10.08.2022 година во 14.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Х. (48) од Куманово, затоа што на улицата „Доне Божинов“ во Куманово оштетил паркирани патнички моторни возила, и тоа „форд мондео“, сопственост на С.Е. и „бмв“ сопственост на С.И., информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово

С.Х. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гиновска: Вчерашниот митинг беше масновно изразување на народната волја (ВИДЕО)