Приведен крадец од Куманово, украденото пронајдено

Сподели со своите пријатели

Дваесет и шестгодишен кумановец вчера бил приевден поради сомнежи дека извршил кражба од стоварише во градот.

Loading...

– На 19.01.2022 во 13.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А. (26) од Куманово, бидејќи непосредно пред тоа извршил кривично дело кражба во стовариште на ул.„Биљановска“ во Куманово, при што кај него биле пронајдени украдените предмети, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Истиот бил приведен во полициска станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски