Приведен крадец од Куманово, украденото ќе биде вратено на сопственикот

Сподели со своите пријатели

Рано утринава полициски службеници привеле осумнаесетгодишен кумановец, поради извршено кривично дело кражба.

Loading...

– Денеска (26.01.2022) во 02.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Р.(18) од Куманово, бидејќи непосредно пред тоа извршил кривично дело кражба во куќа во Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Кај него биле пронајдени украдените предмети, кои ќе бидат вратени на сопственикот.

С.Р. бил приведен во полициска станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски