Пристугнува сезоната на прелади: Како навремено да се заштитите?

Сподели со своите пријатели

Со почетокот на есента па се до крајот на февруари кај нас е сезоната на грипот. Иако многумина се разболуваат, обично тоа минува без поголеми последици.

Заштита од вируси и грип се постигнува со вакцинизација, но и избор на храна во текот на епидемијата ига голема улога. Експертите укажуваат на намирниците кои можат да го зајакнат имунолошкиот систем за да одолее напад од вирусот.

Грипот е сезонско оболување првенствено на репираторните органи кои предизвикуваат вирус. Сезоната на грипот започнува кон средината на есента и трае до првите денови на пролетта.

Меѓутоа, поради наглите промени на температурата во последно време зголемен е бројот на заболени од стомачни инфекции. Тоа најмногу ги погаѓа децата во градинките и училиштата. Поради ладното време и неадекватното облекување луѓето се преладуваат, а тоа е најизразено кај оние кои лошо се хранат и малку спијат.

Сеако, сетоа тоа доведува до пад на имунитетот, што е одлична подлога за вируси кои лесно продираат во организмот.

За да не поминете две недели во кревет борејќи се неуморно со висока температура, болки во коските, кивање, кашлање, ви пренесуваме пет начини како полесно да се заштитите од зараза.

 

Вакцини

За децата помлади од шест години, постари од 65, трудници, диајбетичари, пушачи, здравствени работници и лица со веќе ослабнат имунитет – вакцинацијата би требало да претставува приоритет.

Витамините го зајакнуваат имунитетот

Прво и основно е водата, но добредојдени се и други течности, како што се чај, млеко, јогурт и супи. Едноставно, вашиот организам во овој период неопходно е да биде хидриран. Исто така, клучни во одбрана против вирусот се сите витамини од свежо овошје и зеленчук, а посебно витамин Ц од лимон и друг вид на цитроносно овошје, но и банана, јаболко или брусница.

Медот и пчелните производи, како што се матичниот млеч и прополисот, со векови во нашиот народ се користат како превенција против прелада. Сега и науката докажала дека тоа е точно.

Внимавајте каде одите и што допирате

Грипот го шири заразени лица така што она што го искашлуваат или искашлувајќи допира преку воздухот или директно до вас или се задржава по рачките, тастатури и други заеднички предмети. Затоа избегнувајте ги местата на кои престојуваат многу луѓе, како трговски центри.

Мијте ги рацете

За да се заразите со грип, доволно е по допир од заразен предмет рацете да ги наслоните на лицето. Затоа измијте ги или избришете ги со асептични влажни марамици. Редовното туширање, менување постелнини и останати работи кои се однесуваат на лична хигиена се подразбираат.

Одмор и рекреација

Стресот и бессоницата многу го поттикнуваат грипот, затоа што додека се бориме со секојдневните обврски и мислите, имунитетот е ослабнат. Вирусите на измачен организам се прилепуваат и потребно е многу малку за да ве прилепат во кревет.

Leave a Reply