Пристигнува првиот геј „Капетан Америка“

Сподели со своите пријатели

Марвел го објави првиот геј Капетан Америка и ова е прв ваков случај во 80-годишната историја на овој херој.

Loading...

Имено, во ограничената серија „The United States of Captain America“, Стив Роџерс (оригиналниот капетан) и други ликови кои го носеа костумот, тргнаа на пат низ САД во потрага по украден штит.

На патот, тие се среќаваат со обични луѓе кои накратко носат костум на Капетанот и ги бранат своите заедници.

Едно од тие лица е Арон Фишер, бестрашен тинејџер кој ги брани оние кои, исто како него, се принудени да бегаат од дома и да живеат на улица. Тој е исто така првиот ЛГБТК+ лик што го носи овој костум во историјата на овој стрип.

Патем, Марвел немаше геј карактер сè до 1992 година, кога го претстави Нортстар, а во следните години се појавуваа се повеќе хомосексуални ликови, вклучувајќи го и членот на „Икс-мен“, Ајкеман.

Leave a Reply