Пристигнаа нови фотографии од Балтикот: Од морето врие гас!

Сподели со своите пријатели

Денес се појавија нови фотографии кои покажуваат истекување на гас од, како што изгледа, саботиран гасовод Северен тек.

Loading...

Судејќи според фотографиите, истекувањето на гас од Северен тек 1 (насловна фотографија) се чини дека е многу поинтензивно од истекувањето од Северен тек 2 (долу фотографија).

Во моментот на истекувањето, Северен тек 2 не бил функционален, но цевките биле полни со гас.

Двата гасоводи се дизајнирани да носат руски гас од Русија до Германија, а потоа до другите земји на ЕУ.

 

 

Шведска потврди дека гас тече и на четвртата локација

Loading...

Притисокот на гасот во гасоводот Северен тек 1 падна на речиси нула во моментот на истекувањето. Русија уште во август го прекина снабдувањето со гас за Европа преку Северен тек 1, тврдејќи дека поради западните санкции, гасоводот не може безбедно да функционира.

Шведска утрово потврди дека идентификувала уште една, четврта локација на истекување на гас, но не е познато во кој гасовод.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.