Пристигнаа 38.400 вакцини од „Астра Зенека“

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер пристигнаа 38.400 вакцини од производителот Астра Зенека кои ги обезбедивме преку Ковакс механизмот, информираше на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

Loading...

„Вакцините ќе бидат наменети за ревакцинација и вакцинација на граѓани над 60 години. Количините постојано се надополнуваат, пријавете се на vakcinacija.mk“, напиша Филипче.

 

 

„До утре или до понеделник сите пријавени ќе добијат термини. Акцентот ќе биде на новопријавените лица над 70 години, за да се заштити прво оваа категорија. Помладите е можно подолго да почекаат. Границата ќе биде 40 години. Тие под 40 години нешто повеќе ќе почекаат“, рече денес министерот Филипче.

Leave a Reply