Пристигнаа 30.000 дози „Синовак“ вакцини донација од Турција

Сподели со своите пријатели

Донација од 30.000 дози од кинеската вакцина „Синовак“ денеска пристигнаа во Македонија, соопшти преку социјалните мрежи министерот за здравство Венко Филипче.

Loading...

 

 

– Уште еднаш сакам да изразам голема благодарност до Република Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката, но пред се, за експресната испорака на ветената количина која е многу значајна за нас, напиша Филипче.

 

 

Loading...

Вакцините, како што појасни министерот, во најкраток рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум државата.

Никола Ивановски

Leave a Reply