Пристигна помошта од Заеви за Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Прехрамбени пакети како донација од семејството Заеви денеска пристигна во Општинскиот штаб за заштита и спасување во Куманово.

Loading...

Градоначалникот Максим Димитриевски на својот фејсбук профил се заблагодари на донацијата од Заеви, а воедно упати благодарност и за низа компании кои донирале пари за набавка на храна за ранливите категории граѓани.

 

 

– Воедно сакам да се заблагодарам за помошта и од фирмите Гранит Скопје, Делукс компијутери, Хидро компани, УПМ Груп, Рапид билдинг, 4 Инвест, Топ ауто фер од Куманово и др. физички лица од Куманово кои на општината и донираа парична помош со која ќе бидат набавени дополнителни количини на прехрамбени пакети кои ќе бидат дистрибуирани на сите социјално загрозени семејства во Општина Куманово. Заедно со граѓаните и пријателите на градот ќе ја победиме епидемијата, напишва Димитриевски.

 

Loading...

 

Никола Ивановски

Leave a Reply