Принцезата на Дубаи: Пронајдете ја сестра ми, татко ми ја киднапираше пред 20 години (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Принцезата Латифа, која тврди дека нејзиниот татко, шеикот Мохамед бин Рашид ал Мактум, ја држи во заложништво од 2018 година кога се обидела да избега од Дубаи, апелираше до британската полиција да го испита киднапирањето на нејзината постара сестра, која исчезнала пред повеќе од 20 пред години.

Loading...

Последен пат, како што раскажува, била видена на улицата Кембриџ во центарот на Лондон, пренесува Би-Би-Си.

Во писмото што го сподели со Би-Би-Си, Латифа и соопшти на полицијата дека истрагата може да доведе до ослободување на принцезата Шамса, која наводно била киднапирана и по наредба на нивниот татко, владетелот на Дубаи.

Шамса, која сега има 39 години, не е видена во јавноста од својата 18 година.

Минатата недела Би-Би-Си објави шокантно видео, тајно снимено на мобилен телефон, во кое Латифа опишува како нејзиниот татко ја држи во заложништво, по што ООН побара доказ од Обединетите Арапски Емирати дека принцезата е жива.

Две децении порано, се верува дека обидот на нејзината постара сестра да избега од нејзиното семејство завршил во заробеништво.

Во август 2000 година, два месеци откако избегала од имотот на нејзиниот татко во предградие на Лондон, Шамс била киднапирана од улицата и насилно однесена со хеликоптер во Франција, а потоа со приватен авион назад во Дубаи.

Во рачно напишано писмо што нејзините пријатели ѝ го предале на полицијата во средата, Латифа ги моли британските власти да направат нешто во врска со киднапирањето.

Loading...

– Би ве замолила да обрнете внимание на нејзиниот случај, бидејќи тоа може да резултира со нејзино ослободување… Вашето внимание може да ја ослободи. Таа многу ја сака Англија, нејзините омилени спомени се поврзани со времето поминато таму – пишува во писмото во кое ја опишува ужасната судбина на нејзината сестра која ја снашла откако била вратена во Дубаи.

– Тие ја држат изолирана, датумот на нејзиното ослободување, судењето или обвинението не е познат. Тој ја мачи со камшикување на нејзините нозе… – наводно тврди Латифа во писмото.

Датумот во писмото открива дека е составено во февруари 2018 година, пред Латифа да успее да избега од нејзиниот татко.

Британската полиција ја започна првата истрага во 2001 година откако Шамса ги контактирала преку адвокат за имиграција, но тие набрзо престанале да истражуваат откако им било забрането да одат во Дубаи.

Истрагата била повторно покрената во 2018 година и се интензивирала по одлуката на Високиот суд од 2019 година, со која се посочува дека шеикот ги киднапирал двете ќерки и ги држел во заробеништво против нивната волја.

– Ова е многу сложено и сериозно прашање и има детали во случајот за кои би било несоодветно да се дискутира во јавноста – изјави полицијата за Би-Би-Си.

Министерството за надворешни работи претходно потенцираше дека ова е приватна работа и дека тие немаат никаква улога во истрагата.

По снимките од принцезата Латифа, британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб рече дека тие се „длабоко загрижувачки“ и дека Велика Британија „многу внимателно ќе го следи развојот на настаните по ова прашање“.

Loading...

Властите во Дубаи досега не одговорија на прашањата на Би-Би-Си во врска со киднапирањата на принцезите.

 

Leave a Reply