Приложиле лажни ПЦР тестови: Кривични за двајца кумановци и Албанец

Сподели со своите пријатели

Двајца кумановци и еден албански државјанин добија кривични пријави под сомнение дека на Граничниот премин Табановце приложиле фалсификувани ПЦР тестови.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривични пријави против А.М.(33), Р.Е.(49), двајцата од Куманово и A.H.(24) од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ во врска со „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ информираат од Министерството за здравство.

Пријавените, како што појаснуваат од полицијат,а на 16.09., на 18.09. и на 30.09.2021 на Граничен премин „Табановце“ приложиле фалсификувани негативни ПЦР тестови.

Никола Ивановски