Приказна за едно бебе, накитена елка и двајца уморни родители (видео)

Сподели со своите пријатели

Украсена елка, подароци и новогодишни светилки оставени да стојат недопрени кога дома имате мало бебе е скоро невозможна мисија.

Љубопитноста на бебињата едноставно не дозволува нешто да остане на своето место што знае помалку да нервира, посебно кога родителите настојуваат наместо да ја тргнат новогодишната елка, да се обидуваат да го превоспитаат бебето.

Еве една таква приказна кога родителите и покрај целото настојување, не успеваат да го тргнат своето бебе од убаво украсената елка, а и да отспијат раат после Божиќната вечера.