„Приказна за една шума“ в сабота во „Трајко Прокопиев“

Сподели со своите пријатели

Во Националната установа Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово в сабота ќе се одигра претставата „Приказна за една шума“.

Loading...

Преставата е за најмладата публика и зборува за подигнување на свеста за заштита на животната средина околу нас.

– Со музички сонгови и интересна актерска игра ве покануваме од 17:00 часот во сабота во Центарот за култура, велат од националната установа.

Во претставата играат актерите Матеј Стојковски и Никица Јанковски.

Костимите се на Дарко Илиевски, а сценографијата на Крсто Богојевски.

Билетите ќе се продаваат на билетара во Центарот за култура од утре, четврток од 10:00 часот.

Никола Ивановски

Leave a Reply