Приказна која мами солзи: Се омажила за љубовта на својот живот, ден пред неговата смрт (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На Наваро му помагале неговите пријатели и семејството за да биде во состојба да го каже судбоносното да пред смртта.

Loading...

Женат асе венчала за својот тешко болен свршеник само еден ден пред тој да ја изгуби битката со ракот. Навар Хеберт, кој бил успешен фудбалер, починал во вторник вечерта. На 22-годишникот му бил дијагностификуван тумор на мозокот пред неколку месеци, а од тогаш неговата состојба само се влошувала.

Се омажила сама за себе, затоа што се плаши од „скршено“ срце (ФОТО)

Неговата сопруга Маја Фолвасер, споделила снимка од нивната интимна венчавка која исто така допрела до многу срца, пишува Дејли мејл.

Наваро добил помош од пријателите и семејството за да го изговори судбоносното да пред смртта. Му помогнале да облече одело, а потоа во колички го испратиле до олтарот. Маја не успеала да ги задржи солзите кога ги видела, а Навар и рекол дека ја сака.

Нивниот мал син, Кајри исто така бил на венчавката.

Се засакале во Втората светска војна, па се сретнаа 75 години подоцна (ВИДЕО)

– Денес сум толку тажна. Го изгубив пријателот, сопругот и таткото на своето дете. Ви благодарам на сите за љубовта и поддршката која ми ја пружате. Навар влијаеше на толку луѓе и секогаш ќе биде во нашите срца, напишала Маиа.

Loading...

Фудбалскиот клуб на Наваро организирал прослава на неговиот живот, а се собираат и пари за финансирање на превозот на неговото тело дома, како и погребот.

Foto: youtube/printcreen

Leave a Reply