Пријавено фотографирање изибрачки материјал на изнемоштено лице во Кисела Вода

Сподели со своите пријатели

Член на избирачка комисија вчера при гласањето на вториот круг од Локалните избори во Кисела Вода го сликало гласачкото ливче на изнемоштено лице кое гласало во домашни услови.

Министерството за внатрешни работи денеска информира дека вчера во 12.17 часот во Полициска станица Кисела Вода се јавил претседателот на Општинската изборна комисија Кисела Вода и пријавил дека истиот ден околу 11 часот на улица „Јабланица“ кај лице кое е старо и изнемоштено и затоа гласало во својот дом во присуство на Избирачка комисија во состав од претседател и тројца членови, откако лицето гласало, еден член на комисијата го сликал неговото гласачко ливче.

Полицискиот Билтен соопшти и дека вчера во 13.15 часот претседател на Избирачки одбор на Избирачко место број 2.743 пријавил дека при разнесување на гласачките материјали на гласачко место лоцирано во Основно училиште „Невена Георгиева-Дуња” од страна на претставник на политичка партија сликан е кочан со гласачки ливчиња (горна корица на кочан со број на гласачко место и сериски број на прво и последно гласачко ливче) со мобилен телефон.

МВР инфомира дека вчера во 14.20 часот член на Општинска избирачка комисија Кисела Вода пријавил дека при разнесување на гласачки материјали на гласачко место број 2746 лоцирано во Месна заедница „11 Октомври” од страна на претседател на Избирачкиот одбор сликан е кочан со гласачки ливчиња со број на избирачко место.

Извор: МИА

Loading...