Приговорите на БЕСА и СДСМ се отфрлаат, пред ДИК хаотично (фото)

Сподели со своите пријатели

Државната изборна комисија со два гласа „за“ и седум „против“ отфрли два од вкупно осумтте приговори поднесени од СДСМ за спроведување на изборниот процес во ИЕ6 и ИЕ2, објави порталот МКД.МК.

Со шест гласа „за“ и три „против“ беше прифатен предлогот на претседателот на ДИК, Александар Чичаковски потписот на Фатиме Сулејмани да биде даден на вештачење за да се утврди дали таа сакала два пати да гласа на 11-ти декември, пишува НОВА ТВ.

Во моментов членовите на ДИК повторно се на пауза, а пред зградата на поранешна „Нова Македонија“ во центарот на Скопје, каде што се канцелариите на комисијата, собрани се стотина приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ кои се незадоволни од одлуките на ДИК и порачуваат дека трпението им е при крај.

Loading...

Претходно ДИК ги одби сите преговори кои ги имаше поднесено БЕСА.

фото: А1он.мк