При подготвувањето на тестенините сите ги правиме овие 5 грешки

Сподели со своите пријатели

Ако сакате вашите тестенини секогап да бидат беспрекорно подготвени, да не се без вкус, згмечени или да не се распаѓаат, морате да водите сметка за следните грешки, кои најчесто се повторуваат.

Loading...

Тенџерето не е доволно големо

Помало тенџере за варење деува како подобар избор, ќе користите и помалку вода па така побрзо ќе се сварат. Сепак, ова е погрешна одлука, тестенините бараат повеќе простор и вода за да рамномерно се зготват, во спротивно крајнито резултат ќе биде половично зготвени тестенини и прилично лепливи.

Не ја солите водата во која се готват тестенините

Ако го испуштите овој чекор, грешите. Додавањето сол во водата во која тестенините се готват значително го подобрува вкусот, а не мора да се грижите, тестенините секако ќе ја впијат сета количина на сол.

Додајте масло во водата во која се варат тестенините

Ова е најчестата грешка која луѓето ја прават и покрај тоа што е вистина дека овој трик делува парчињата меѓусебно да не се залепат, но тоа го прави во претерана мерка. Имено, потребно е тестенините да бидат малку лепливи за да солта се задржи за нив.

Слепо го следите упатството од пакувањето

Loading...

Не секогаш треба да се почитува времето за готвење наведено на пакувањето, затоа што станува збор за минутажа која треба да ја менувате во зависност од тоа дали сакате „ал денте“ тестенина или помека. Ако ви е целта да биде „ал денте“ тенџерето тргнете го барем 2 до три минути порано, додека оставате да се вари подолго ако скате да се топат во уста.

Ги миете тестенините по варењето

Кога сварените тестенини ќе ги ставите под млаз вода, лепливиот скроб кој се испуштил при варењето ќе исчезне, па сосот нема да се лепи за тестенината на вистински начин. Затоа исправен чекор е на свежо зготвената тестенина веднаш да и додадете сос и добро да измешате.

Leave a Reply