Превентивни активности на СВР Куманово за заштита од кражби и измами

Сподели со своите пријатели

Во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2022“, завчера (05.09.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово пред платото на НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово  одржаа превентивни активности.

Loading...

Во активностите учествуваа и претставници од Здружението на пензионери од Куманово, армиско-полициските ветерани, потоа претставници од општина Куманово, од Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, од Сојузот на училишни спортови од Куманово, членови на училишните сообраќајни единици од ООУ „Бајрам Шабани“и ООУ „Браќа Миладиновци“, од шаховскиот клуб „Фишер“ Куманово, ОСБСП Куманово и претставници од шаховската федерација на РСМ.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Отворена изложбата „Гласна тишина“ на Мартина Спасовска во Куманово

– Една од целите на оваа превентивна активност беше упатувњето порака до пошироката јавност за поголема будност и внимание за заштита на својот личен имот од кражби по куќи и станови и други објекти, поголемо внимание од џепните кражби, измамите при набавка на огревно дрво во овој период од годината и запознавање со можните последици и законски санкции за употреба на огнено оружје на семејни веселби, информираат од МВР.

Исто така, од страна на учениците- членови на УСЕ од основните општински училишта на граѓаните им беа поделени едукативни летоци.

Од страна на Отсек за превенција  на учесниците им беа врачени благодарници за нивното учество и придонес во спроведувањето на настанот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Нема менување историја, виткање кичма и обезличување на македонскиот народ