Претстои период на променливо и нестабилно време

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено попладне кога на места процесите ќе бидат поинтензивни, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Како што додаваат од таму, ќе дува слаб до умерен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде помеѓу 8 и 15, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.

Следува период на променливо и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.

Leave a Reply