Претставата „Ревизор“ на ФДУ вечерва во кумановскиот театар

Сподели со своите пријатели

Претставата „Ревизор“ вечерва со почеток во 20 часот ќе биде изведена на сцената на кумановскиот театар од актерите кои неодамна дипломираа на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Loading...

Станува збор за драма според текстот на Николај Васиљевич Гогољ, а ликовите ги играат:Томислав Давидовски, Стефанија Митовска, Наталија Ристеска,  Благој Јовановски, Виктор Велевски, Исмет Шабановиќ, Стефан Спасов, Дарко Ристовски, Maрјан Наумов, Кристијан Танчевски, Изабела Јакимова и Ана Димитров.

„Ревизор” е социјална и морална сатира која ја играат 12 актери, според текстот на Николај Василевич Гогољ. Истата вклучува 5 чина кои се изведуваат во времетраење од 90 минути. Целта на претставата е преку комичен начин да ја прикаже корупцијата која постои во една руска провинција. Дејството се одвива во Русија во првата половина од 19 век каде во едно мало село се очекува да пристигне важна личност – ревизор. Но, на местото на важната личност, доаѓа некој друг за кој сите претпоставуваат дека е ревизорот. Целата конфузија создава комични сцени, анегдоти и неочекувани настани и недоразбирања.

Претставата е изведена повеќе од 15 пати на Факултетот за драмски уметности, Драмскиот театар во Скопје, Театар комедија во Скопје, Прилепскиот театар „Марко Цепенков“, на фестивалот „Војдан Черднодрински„ и меѓународниот студентски театарски фестивал Дионис во Хрватска, каде освои награда за најдобра претстава. Популарноста на претставата беше искористена и за обезбедување средства за хуманитарни цели.

Проектот е финансиран од Министерството за култура, во рамки на манифестацијата „Нов културен бран 2019“.

Leave a Reply