Претставата „Мани, мани, мани“ – врвот од „Денови на комедија“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Со претставата „Мани, мани, мани“ на Театар Куманово вчеравечер заврши театарскиот фестивал „Денови на комедија“.

 

Loading...

 

Овации и насмевки на лицата на кумановци се гледаа и во текот на целата претстава, а громогласниот аплауз по нејзиното завршување говореше за квалитетот на играта на актерите, но и содржината на комедијата.

 

 

Текстот е на Реј Куни, а во режија на Бојана Краљевска и Горан Илиќ. Актерската екипа ја сочинуваат Марко Трајковиќ, Сања Русевска, Владо Дојчиновски, Нина Максимова, Дубравка Косилечки, Јасмина Василева и Мирослав Петковиќ.

 

Loading...

 

Режисерот Илиќ вели дека е многу полесно да се игра во претставата, отколку да се режира, а особено потешко е да се биде режисер на колегите од својот театар.

– Задоволен сум во глобала од тоа што го сработевме со моите колеги и тешко е да режираш на свои колеги, мислам подруго е да режирам на некој друг простор и актери со кои не сум играл и со кои не се знам, со кои немам никакви релации, облигации и односи, сигурно би бил поискрен, а вака морам постојано да правам компромиси за општо добро. Мислам дека публиката ќе ужива во оваа претстава и дека ќе трае долго, рече Илиќ.

 

 

– До вчера не бев задоволен, затоа што немавме публика не знаевем како ќе реагираат на сите ови финти, ама денеска беше нешто сосема различно, супер сме задоволни, ние супер си поминавме и публиката сигурно по реакциите. Многу беше тешко да се игра мојот лик, како што видовте растрчана е претставата, секој во секое време влегува и излегува, реплика по реплика, доста увежбаност ни требаше за да го постигнеме оваа темпо, изјави актерот Марко Трајковиќ.

 

 

Комедијата во која ликовите влегуваат во лаги што ги доведуваат до ситуација на апсурд, градејќи предизвикувачки однос кон околностите во кои живееме и барајќи пат, кој не само што не не оддалечува од стварноста, туку се пресметува со неа, духовите и интригантно, преку силно кронична и театрална низа на псевдофилозовски нонсенси.

 

Loading...

 

Претсвата за нас, овде и сега, која ја жигорузва алчноста за пари како универзален феномен, со возбудливи и смешни заплети и ги изложува на смеа, или подобро кажано потсмев, и другите општествени појави, обичните човечки слабости, лошите карактеристики и др.

 

 

Послегнување по сленгот, локалната географија и различните наши дијалекти, уште повеќе ја засилува комиката и ја прави претставата „наша“ и „тукашна“ што е проверен рецепт за урнебесна забава и за публиката и за актерите.

 

 

Loading...

Ова беше 14та и последна претстава на овогодинешното издание на фестивалот „Денови на комедија“ каде минаа и бугарска, ерменска, црногорска и српска претстава, но по се изгледа кумановската беше она што публиката најдобро го прифати.

– Заинтересираноста на публиката беше огромна, скоро сите претстави беа распродадени, публиката  беше презадоволна, актерите исто така од публиката, се надевам дека следната година ќе имаме уште поуспешен фестивал, ова беше секако еден од поуспешните. Мислам дека 10 до 12 претстави ќе бидат доволни за следната година, бидејќи повеќе не би проширувале, изјави Сашо Тодоровски, директор на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово.

 

 

И овогодинешното издание на фестивалот беше под покровителство на Министерството за култура и градоначалникот и Советот на општина Куманово, под медиумско покровителство на седум медиуми од градот и низа приватни компании кои одлучија да ја поддржат манифестацијата. Скоро сите претстави беа распродадени до последно место.

 

Loading...

 

 

Leave a Reply