Претседателот Пендаровски во официјална посета на Република Албанија

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, утре – 26 октомври 2019 година, сабота, ќе престојува во официјална посета на Република Албанија.

Loading...

Во Тирана, претседателот Пендаровски ќе биде примен со највисоки државни и воени почести од Претседателот на Република Албанија, Илир Мета, а ќе оствари средби со премиерот на Република Албанија, Еди Рама и со претседателот на Собранието на Република Албанија, Грамоз Ручи.

Во рамки на официјалната посета на Република Албанија, претседателот Пендаровски во Тирана ќе учествува и ќе се обрати на Мировниот самит на Југоисточна Европа во организација на Универзалната Федерација за мир.

Leave a Reply