Претседателот на СДСМ Куманово во 14-дневна изолација

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Општинската организација на СДСМ Куманово и директор на „Службен весник“ од денеска е во 14-дневна самоизолација, откако вчера присуствуваше на заеднички партиски настан со директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, која денеска доби позитивен тест на коронавирус.

Loading...

Како што напиша Костовски на својот фејсбук профил нема симптоми, но утринава направил тест и ги очекува резултатите.

– И покрај строгото почитување на мерките и минималните контакти со луѓе, сакам да ве информирам дека јас пред еден час направив тест за вирусот КОВИД 19 поради контактот со другарката Сања Лукаревска која е позитивна на вирусот. За среќа немам никаков симптом и се надевам дека нема да бидам позитивен. Следните 14 дена ќе бидам во самоизолација и обврските ќе ги вршам во домашни услови, напиша Костовски.

Тој упати апел сите да не го потценуваат вирусот и можноста да зараза, како и да бидат максимално внимателни.

Никола Ивановски

Leave a Reply