Претседателката на Грција бара истрага за прислушувањето

Сподели со своите пријатели

Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу денеска побара истрага за прислушувањето на политички лидер од страна на Грчката разузнавачка служба (ЕИП).

Loading...

Минатата недела, среде загриженоста во ЕУ за употреба на шпионски софтвер, изби скандал и предизвика тревога во Грција, а опозициските партии аферата со прислушувањето ја нарекоа „личен Вотергејт на премиерот Киријакос Мицотакис“, пренесува Танјуг повикувајќи се на Ројтерс.

Во изјавата Сакеларопулу потсети дека заштитата на правото на приватност е „основен предуслов на едно демократско и либерално општество“ и дека почитувањето на демократијата оди подалеку од политиката.

Владата го оправдува прислушувањето

Потребно е итно и целосно расчистување на случајот со прислушувањето“, рече грчкиот претседател.

Лидерот на грчката социјалистичка партија ПАСОК и пратеник во Европскиот парламент, Никос Андрулакис, претходно потврди дека дознал дека ЕИП ги слушала неговите разговори минатата година, по што шефот на ЕИП и шефот на кабинетот на Премиерот Киријакос Мицотакис беше разрешен.

Владиниот портпарол потврди дека ЕИП го прислушувала телефонот на Андролакис, но тврди дека следењето, кое било овластено од обвинителот, било легално и дека премиерот бил информиран за тоа минатата недела.